АНИТА БЕЖОСКА ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ОД БОГОВ

    АНИТА БЕЖОСКА ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ОД БОГОВАнгеловска Бежоска е првата жена гувернер, а досега беше вицегувернерка во НБРМ. - Бежоска и Богов на примопредавање на функцијата (Фото: М.Златевска)

    Новата гувернерка Aнита Ангеловска Бежоска денеска ја презема функцијата од досегашниот гувернер на Народната банка Димитар Богов.

    По истекот на мандатот на Богов, Собранието вчера со 81 гласа ‘за‘ ја избра Ангеловска Бежоска за нов гувернер. Таа е првата жена гувернер на НБРМ, а досега беше вицегувернерка во НБРМ.

    Од 2004 до 2010 Ангеловска Бежоска била главен економист во Народна банка. Била ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон и учествувала во повеќе преговарачки мисии на ММФ за склучување аранжмани меѓу Фондот и земји членки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира