АНТИКОРУПЦИСКА ИЗРЕКЛА 86 КАЗНИ НА ФУНКЦИОНЕРИ ВО 2024 ГОДИНА, АРТАН ГРУБИ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 200 ЕВРА ЗАШТО НЕ ДОСТАВИЛ ПОДАТОЦИ

    АНТИКОРУПЦИСКА ИЗРЕКЛА 86 КАЗНИ НА ФУНКЦИОНЕРИ ВО 2024 ГОДИНА, АРТАН ГРУБИ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 200 ЕВРА ЗАШТО НЕ ДОСТАВИЛ ПОДАТОЦИПоранешниот вицепремиер Артан Груби е казнет бидејќи не ги доставил до Антикорупциската комисија бараните податоци. (архивска фотографија)

    Антикорупциската комисија ги објави имињата на сите функционери казнети по разни основи во 2024 година. Една од најчестите причини за казните е недоставување на барани информации, и таков е случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е казнет со глоба од 200 евра. Тој е во бегство повеќе од два месеца, откако беше осомничен за проневера во врска со Државна лотарија.

    Многумина од казнетите не поднеле изјава за имотна состојба и интереси, а дел се казнети за двојна функција или судир на интереси. Има казнети функционери за злоупотреба на функција, како и за непочитување на обврската за изземање. Казните се движат од 200 до 500 евра, со најчеста глоба од 300 евра. Вкупниот износ на казните е околу 28.000 евра.

    Меѓу казнетите се: Фатмир Меџити како министер за здравство, Талат Џафери како премиер и истовремено пратеник, Борислав Крмов како пратеник, Арбер Адеми како  пратеник, Иванка Василева како пратеничка и Изет Меџити како пратеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира