АНТИКОРУПЦИСКА ОБЈАВИ ТЕНДЕР ОД 3.000 ЕВРА ЗА ВОЗЕЊЕ СО ТАКСИ НИЗ СКОПЈЕ И ДО АЕРОДРОМОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ

    АНТИКОРУПЦИСКА ОБЈАВИ ТЕНДЕР ОД 3.000 ЕВРА ЗА ВОЗЕЊЕ СО ТАКСИ НИЗ СКОПЈЕ И ДО АЕРОДРОМОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИПретседателот на Антикорупциска Јован Тантуровски и останатите членови на комисијата на седница во декември минатата година. (Фото: СДК.МК)

    Државната комисија за спречување на корупцијата објави оглас за јавна набавка на такси услуги во вредност од 3.000 евра, без ДДВ, како што е нагласено во тендерот.

    САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати до лицето одредено за контакт во врска со тендерот, како и до портпаролката на Комисијата, но тие не одговараа на телефонските повици. На лицето за контакт Борче Стојановски му испративме и прашања на мејл, но одговор не добивме.
    Останува нејасно зошто ќе се троши толкава сума за такси услуги на оваа институција, кој ќе се вози со такси, што ќе се превезува, за какви услуги и потреби ќе се користат тие такси возила…

    Во огласот се наведува дека се работи за „услуги за копнен транспорт, вклучувајќи и услуги за транспорт со блиндирани возила и курирски услуги, освен услуги за транспорт на поштенски пратки“.
    Како место на „испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите“ е наведено Скопје, но и релацијата Скопје – аеродром „Александар Велики“ и обратно во период од 12 месеци, а извршителот на услугата треба да стои на располагање 24/7.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира