АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА АНЃУШЕВ

    АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА АНЃУШЕВВицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на владина седница (Фото: Влада на РСМ)

    Антикорупциската комисија на денешната седница отвори постапка за фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Антикорупционерите ќе истражуваат како е доделено градежно земјиште по пат на непосредна спогодба во Дреново за изградба на хидроцентрала.

    Антикорупциска по пријава на ВМРО-ДПМНЕ отвори предмети за премиерот Зоран Заев во врска со случаите „Глобал“ и „Поткуп“, за кои има судски пресуди. Отворени се и постапки за „бугарските фирми на Заев“ и за „грчките фирми на Манчевски“.

    Антикорупционерите ќе ја истражуваат и набавката на службено „ауди“ за потребите на Општина Струга, како и набавката на „БМВ“ за потребите на Врховниот суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира