АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА СЈО, НА МИЈАЛКОВ СЕПАК ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА „ТОРТУРА“

    АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА СЈО, НА МИЈАЛКОВ СЕПАК ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА „ТОРТУРА“Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е првообвинет во случајот „Тортура“ на СЈО. - Мијалков во Апелацискиот суд Скопје (Фото: СДК.МК)

    Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијката Моника Бахчованска од Основниот суд Скопје 1, со која што поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше изземен од обвинението за случајот „Тортура“, објави државната агенција МИА.

    Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против Сашо Мијалков. Покрај Мијалков, во „Тортура“, обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски за кривичното дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.

    Во оваа постапка, од СЈО првообвинет беше Мијалков, но судијката Бахчовановска, која го оценуваше обвинителниот акт, одлучи да им се суди само на шестемината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК. На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд.

    „Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Судењето за „Тортура“ требаше да почне на 28 февруари, но беше одложено и почна на 23 март годинава

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира