АРМ ИСПРАТИ 71 ВОЈНИК НА ГОЛЕМАТА ВЕЖБА „СЕЈБР ГАРДИЈАН“

    АРМ ИСПРАТИ 71 ВОЈНИК НА ГОЛЕМАТА ВЕЖБА „СЕЈБР ГАРДИЈАН“Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли на свеченото испраќање на македонските војници на вежбата „Сејбр Гардијан 17“ во касарната Илинден. (Фото: Министерство за одбрана)

    71 припадник на Армијата на Република Македонија денеска беа испратени на големата воена вежба „Сејбр гардијан 2017“, на која што учествуваат 25.000 припадници на вооружените сили на 22 земји, а ќе се одвива на териториите на Романија, Унгарија и Бугарија, соопшти Министерството за одбрана.

    „На ’Сејбр гардијан 17’ нашите учесници ќе покажат дека македонската армија и нејзините припадници навистина можат да учествуваат заедно со земјите-членки на НАТО и земјите-партнери во сериозни и комплексни вежбовни активности“ изјави министерката за одбрана Шекеринска на свеченото испраќање.

    Таа додаде дека вежбата претставува одлична можност за извежбување на вооружените сили на земјите-учеснички во смисла на зајакнување на подготвеноста и подобрување на интероперабилноста под заедничка команда, извршувајќи целосен спектар на воени мисии, а во насока на поддршка на безбедноста и стабилноста на Црноморскиот регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира