Девојка од Гостивар со име Армела можеби е меѓу настраданите во терористичкиот напад во Минхен, објавуваат косовските медиуми.
Мајката на Армела за Газета Експрес, Назмие Сегаши изјавила: „Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница“.
За состојбата на девојката се уште не се знае ништо. Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.
Косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.
Kosovar media reporting that an Albanian from Macedonia is amongst the victims of #München terror attack. Sad beyond words.
— Vlora Çitaku (@vloracitaku) July 22, 2016
Косовската Скај Њуз објави дека меѓу загинатите е и девојка од Косово, Сабина Сулај, за која што мајката на Армела кажува дека била пријателка на ќерка и. „Се што знам за Сабина, е дека мајка и е од Албанија а татко и од Косово. И дека беа пријателки со Армела.“, изјавува Назмие.