АРТАН ГРУБИ И СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД, ЗЕМАЛЕ МИТО ЗА СУДЕЊАТА НА МИЈАЛКОВ

    АРТАН ГРУБИ И СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД, ЗЕМАЛЕ МИТО ЗА СУДЕЊАТА НА МИЈАЛКОВОд Стејт Департментот додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби. - Груби денеска „стражареше“ пред Уставниот суд во одбрана на Законот за употреба на јазиците (Фото: Ѓ. Личовски)

    Американскиот Стејт Департмент денеска означи 14 лица за вклученост во значителна корупција, меѓу нив и двајца од Македонија, Артан Груби и Енвер Беџети.

    Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети јавно се означуваат за нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.

    „Денешното означување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може и нема да биде толерирано. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција бидејќи тоа ги поткопува демократските институции и ја разјадува довербата на јавноста. Никој не е над законот и одговорноста е неопходна за напредок“, напиша амбасадорката Анџела Агелер на социјалните мрежи.

    Мијалков, исто така, беше означен од Стејт Департментот за значителна корупција во 2022 година.

    Од Стејт Департментот додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби.

    Во ноември 2023 година, судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, за кого Судскиот совет отиде во контрола и утврди дека 9 месеци го чувал предметот на Мијалков „Тврдина-Таргет” за да застари, помина само со парична казна. Судскиот совет по поведена дисциплинска постапка, одлучи да го казни Беџети 20 отсто од платата во наредните 6 месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира