АРТАН ГРУБИ ОД ДУИ И ТРАЈКО ДИМКОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗБОРОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

    АРТАН ГРУБИ ОД ДУИ И ТРАЈКО ДИМКОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗБОРОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТАгенцијата за национална безбедност треба да почне со работа на 1 септември. - Пратеникот на ДУИ Артан Груби (Фото: СДК.МК)

    Собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање денеска ги избра пратениците Артан Груби од ДУИ И Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во комисијата која ќе ги селектира работниците во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

    АНБ е наследник на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), но ќе делува како самостоен орган, надвор од кругот на МВР. За директор на АНБ, која треба да почне со работа на 1 септември, Владата на 11 јуни го назначи Виктор Димовски, претходно државен секретар во Министерството за надворешни работи.

    Предвидено е Комисијата за селекција и избор на работници во новата агенција да ја заврши работата до 20 август. Најголем дел од досегашните вработени во УБК треба да бидат префрлени во АНБ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира