АВИОН ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИЗ ИТНО СЛЕТА ВО БРИСЕЛ ОТИ МУ СЕ СЛОШИЛО НА ПАТНИК

    АВИОН ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИЗ ИТНО СЛЕТА ВО БРИСЕЛ ОТИ МУ СЕ СЛОШИЛО НА ПАТНИКСтанува збор за редовна процедура ако екипажот оцени дека станува збор за медицинска состојба опасна по живот.(Фото: СДК.МК)

    Авион на авиокомпанија „Визер“ од Скопје до Париз (Буве) утрово итно слетал на аеродромот Шарлоа во Брисел бидејќи му се слошило на патник.

    Како што раскажуваат патниците за САКАМДАКАЖАМ.МК  патникот се пожалил на проблеми со срцето додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург на околу половина час пред слетување. Пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој бил поблизу, за да му се укаже лекарска помош на патникот. Патниците кои ја контактираа нашата редакција велат дека на земја останале околу околу половина час по што повторно полетале кон Париз.

    Станува збор за редовна процедура ако екипажот оцени дека станува збор за медицинска состојба опасна по живот со која не можат да се справат членовите на кабинскиот екипаж кои се обучени за итна помош.

    Според податоците од специјализираните авионски сајтови кусо по слетувањето на Шарлоа авионот „ербас А321нео“  полетал и слетал на Буве во Париз со околу 40 минути задоцнување од редовниот ред на летање.  Со задоцнување во полетувањето од Париз, авионот со истиот екипаж се враќа во базата во Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира