Сообраќајот од и кон Меѓународниот аеродромот Скопје на 7 мај за време на посетата на папата Фрањо ќе биде прекинат во периодот од 7.30 до 9 часот и од 17 до 18.30 часот.
Според информациите на Координативното тело за организирање на посетата на папата, во овие интервали сообраќајот до и од аеродромот ќе биде пренасочен по споредни патни правци. Организаторите апелираат сите што тој ден ќе ги патуваат со авион да тргнат најмалку еден час порано, бидејќи движењето по споредните патишта ќе трае подолого.
Сите информации поврзани со посетата на папата се достапни на веб страницата papa.mk.
Е. БОЧВАРОСКА