АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА ЌЕ ДОЦНИ ДО МАРТ 2018, НОВИ 850.000 ЕВРА ЗА НАДЗОР

    АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА ЌЕ ДОЦНИ ДО МАРТ 2018, НОВИ 850.000 ЕВРА ЗА НАДЗОРАнексот не предвидува дополнителни пари за градежните работи,но надзорот ќе мора да се плати - министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

    Автопатот кон Грција на делницата Демир Капија – Смоквица треба да биде пуштен за сообраќај најдоцна на почетокот на март идната година, соопшти Владата на Македонија.

    На вчерашната седница било одлучено да се потпише анекс со кој се продолжува рокот за изградба до 28 февруари 2018.

    „Освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за  градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот“, стои во соопштението на Владата.

    Градежните зафати се однесуваат на дислокацијата на далновод и  изградба на контролен центар.

    Дополнителни 850.000 евра се потребни за надзор на градежните работи. Владата вели дека овие пари се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот.

    Оваа делница е долга 28 километри. Чини 280 милиони евра. Ја гради грчката компанија Актор. Се гради од 2012 година. Требаше да биде пуштен за сообраќај во септември 2017.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари