Автопатот Миладиновци-Штип не е пуштен во употреба, сообраќајот на дел од автопатот од Кадрифаково до Штип се одвива под времен режим, велат од Министерството за транспорт и врски. Од таму објаснуваат дека патот официјално ќе биде пуштен за сообраќај викендов.
„Ниту пробно, ниту официјално патот не е пуштен во употреба. Свеченоста за пуштање на автопатот ќе биде в сабота и од недела по него ќе може да се вози“, велат од Министерството за транспорт и врски.
Проценетата вредност за изградба на автопатот е 226 милиони евра, но од Министерството велат дека цената ќе биде пониска поради заштедите кои биле направени за време на изградбата. Колку е заштедено ќе се каже на свеченоста за пуштање на патот в сабота.