АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН В САБОТА, СЕГА СЕ ВОЗИ СО ВРЕМЕН РЕЖИМ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

    АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН В САБОТА, СЕГА СЕ ВОЗИ СО ВРЕМЕН РЕЖИМ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИПроценетата вредност за изградба на автопатот е 226 милиони евра, но од Министерството велат дека цената ќе биде пониска поради заштедите кои биле направени за време на изградбата.(Фото: СДК.МК)

    Автопатот Миладиновци-Штип не е пуштен во употреба, сообраќајот на дел од автопатот од Кадрифаково до Штип се одвива под времен режим, велат од Министерството за транспорт и врски. Од таму објаснуваат дека патот официјално ќе биде пуштен за сообраќај викендов.

    „Ниту пробно, ниту официјално патот не е пуштен во употреба. Свеченоста за пуштање на автопатот ќе биде в сабота и од недела по него ќе може да се вози“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    Проценетата вредност за изградба на автопатот е 226 милиони евра, но од Министерството велат дека цената ќе биде пониска поради заштедите кои биле направени за време на изградбата. Колку е заштедено ќе се каже на свеченоста за пуштање на патот в сабота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира