БАРААТ ГЕРМАНСКА ВИЗА СО ФАЛСИФИКУВАНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК, ВЕЛИ АМБАСАДАТА

    БАРААТ ГЕРМАНСКА ВИЗА СО ФАЛСИФИКУВАНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК, ВЕЛИ АМБАСАДАТАВработените во германската амбасада ги откриле лажните јазични сертификати бидејќи биле изработени и напишани со грешки.(Фото: СДК.МК)

    Граѓани од Македонија кои бараат работна виза за Германија поднесуваат фалсификувани сетрификати за познавање на германски јазик, соопшти Германската амбасада, на својата официјална фејсбук страница. Во Амбасадата на Германија  се регистрирани неколку вакви случаи на поднесени лажни документи во постапки за добивање виза.

    Вработените во амбасадата откриле лажни јазични сертификати. Некои од нив дури биле испишани со правописни грешки.

    „Германската амбасада не прифаќа фалсификувани јазични сертификати во постапките за виза. Доколку свесно или несвесно доставите фалсификат тогаш вашето барање не само што ќе биде одбиено, туку исто така ќе бидете внесени во интеринституционалната ‘датотека за предупредување за визи‘. Освен тоа, институцијата што нуди полагање за јазични сертификати ќе биде известена дека сте поднеле фалсификат во Амбасадата. Од тоа може да произлезе забрана за полагање на испити до една година“, се вели во соопштението на Германската амбасада во земјава.

    Од амбасадата велат дека поднесувањето фалсификувани сертификати ќе има сериозни последици ако лицата во иднина повторно аплицираат за виза.

    „Ве молиме, пријавувајте се само кај признати јазични училишта за полагање на испит и не дозволувајте да бидете измамени од лажни ветувања за полесен испит или пак за фалсификувани сертификати што изгледаат како вистински“, велат од Германската амбасада.

    Од Министерството за внатрешни работи не добивме одговор дали кај нив е пријавено поднесување на лажни јазични сертификати за добивање германска виза и дали постапуваат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира