БАРАМ НОВ ЧИСТ МАНДАТ ЗА ДА ГО ПРОЧИСТАМ ПРАВОСУДСТВОТО ОД НЕЧЕСНИТЕ, КАЖА ЗАЕВ ОТКАКО ВО СОБРАНИЕТО БЕШЕ ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    БАРАМ НОВ ЧИСТ МАНДАТ ЗА ДА ГО ПРОЧИСТАМ ПРАВОСУДСТВОТО ОД НЕЧЕСНИТЕ, КАЖА ЗАЕВ ОТКАКО ВО СОБРАНИЕТО БЕШЕ ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВОЛидерот на СДСМ Зоран Заев за утре во 18 часот најави марш на правдата од парламентот до судот. (Фото: Фејсбук/Зоран Заев)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев побара уште еден мандат како премиер за, како што кажа, да го прочисти правосудството од нечесните судии и обвинители, на прес-конференција во партиското седиште откако Собранието го донесе Законот за Јавно обвинителство.

    „Реформите во судството мора да продолжат. Барам нов чист мандат за да го прочистам правосудството од нечесните судии и обвинители, за чесните и професионалните непречено да можат да ги употребат системските решенија кон правдата“, рече Заев.

    За Законот за Јавно обвинителство рече дека гарантира дека сите предмети почнати од СЈО ќе имаат судска завршница. Рече и дека нема никаква скриена амнестија.

    Тој им се обрати и на лидерите на Европската унија.

    „Европската унија мора да го препознае овој нов балкански потенцијал. Ние ги исполнивме нашите ветувања, сега сте вие на ред да го исполните ветувањето и да ни доделите датум за почеток на преговорите“, рече Заев.

    Лидерот на СДСМ за утре во 18 часот најави марш на правдата од парламентот до судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира