Под слоганот „И ние сме деца на Македонија“, членови на Коалицијата „Менуваме“ денеска излегоа на протестен марш во центарот на Скопје, од пред Собранието до Владата.
Лицата со попреченост, нивните лични асистенти и негуватели протестираа за социјална правда и рамноправност. Тие бараат социјална правда и достоинствен живот согласно член 118 од Уставот на Македонија.
„Бараме заложба за достигнување воедначен развој на целата територија на Македонија, создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција меѓу децата, лицата и нивните семејства со попреченост. Пристап до сите Општини, здравствени установи, училишта, министерства, центри за социјална работата“, се дел од нивните апели за рамноправност.