БЕЈЛИ: ПОДДРШКАТА ЗА НАТО ЗАВИСИ ОД ПРЖИНО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје(МЕТА)

    БЕЈЛИ: ПОДДРШКАТА ЗА НАТО ЗАВИСИ ОД ПРЖИНО

    „САД силно го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и фрустрирани сме поради фактот што овој процес не е забрзан. Тоа е назавршена работа во долгогодишните напори со нашите сојузници и партнери за една целосна, слободна и мирна Европа“, истакна амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на одбележување на Денот на НАТО, организиран од Евроатлантскиот совет на Македонија и од Министерството за одбрана во Домот на АРМ.

    – Земјите членки мора да ги спроведат реформите во изборниот процес, отчетноста, владеење на правото и демократските слободи. Веродостојни услови, работата на специјалниот обвинител, медиумските реформи и други области заедно испраќаат стратешка порака до идните партнери во НАТО околу вашата посветеност кон вредностите на северно-атланската повелба. Половични мерки испраќаат спротивна порака, што може да резултира во ерозија на поддршката – истакна Бејли.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира