БЕЈЛИ СЕ СОМНЕВА ЗА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ВО СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

    БЕЈЛИ СЕ СОМНЕВА ЗА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ВО СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИАмбасадорот Џес Бејли и министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната конференција за владеење на правото во Собранието. (Фото: М. Златевска)

    Амбасадорот на САД Џес Бејли на конференција за владеење на правото  што се одржа во Собранието на Македонија рече дека не е доволно само да се носат закони, туку најбитнa е нивната имплементација.

    Бејли наведе дека владеење на правото е важно за граѓаните, но дека треба да се поработи и на транспарентноста во судството. Тој зборуваше дека е неопходно сите одлуки во судството да се носат јавно и институциите од правосудството да бидат повеќе отворени за јавноста. Со спорните одлуки на Советот на јавни обвинители, според него, јавноста изгубила уште неколку грама доверба во правосудството.

    Како пример за нетранспарентност, Бејли ја посочи седницата на Советот на јавни обвинители, на која се гласаше за избор на обвинители.

    „Станува збор за Јавното обвинителство и Советот на обвинители. Член на Советот учествуваше во донесување одлука која што се однесува на член на семејството на друг член на Советот. И тука ми се чини дека станува збор за судир на интереси. Никој не знаеше што точно се случи“, рече амбасадорот Бејли на конференција за владеење на правото додавајќи дека за случајот се разбрал кога дел од храбрите медиуми го објавиле во јавноста.

    Советот на јавни обвинители на седницата на 31 јануари ја избра Марија Ѓоргева, внука на претседателот на Советот Коле Штериев, за обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира