БЕКИМ МЕМЕТИ, ОСУДЕН ЗА УБИСТВО ДО 2040 ГОДИНА, РАНИЛ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ПРИ БЕГСТВО НА ПАТ КОН БОЛНИЦА

    БЕКИМ МЕМЕТИ, ОСУДЕН ЗА УБИСТВО ДО 2040 ГОДИНА, РАНИЛ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ПРИ БЕГСТВО НА ПАТ КОН БОЛНИЦАМемети бил спроведуван со комбе од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“ (Фото: СДК.МК)

    Затвореникот Беким Мемети, осуден на затворска казна за убиство која во Идризово требало да ја отслужува до 2040 година, ноќеска при бегство ранил затворски полицаец, кому му го одзел службениот пиштол од појас.

    Мемети бил осуден за убиство што го сторил во Тетово. Бегството се случило ноќеска на автопат кон Скопје.

    На 12 јануари во 23:20 часот, четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе ‘форд транзит’ на Затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје. Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденикот Б. М. од КПУ Идризово кон Ургентен центар ‘Мајка Тереза’, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И. Х. (вработен во Затворската полиција), пукал и го ранил. Потоа осуденикот избегал со патничко возило ‘ауди’. Повредениот вработен во Затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, соопшти МВР.

    Мемети, како и помагачите од „аудито”, се во бегство и полицијата ги бара.

    Нема детали како се случило убиецот да го украде пиштолот и како било испланирано бегството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира