БЕСПЛАТЕН БРОЈ 0800-54321 ЗА ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕСПЛАТЕН БРОЈ 0800-54321 ЗА ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела, 11 декември, на денот на одржување на Предвремените парламентарни избори 2016, во периодот од 7 до 19 часот  ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, соопшти канцеларијата на Народниот правобранител.

    Отворени за граѓаните ќе бидат  сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип,  со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
    Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на  следниве телефонски броеви:

    Тетово 044 344-082,

    Струмица 034 329- 996,

    Кичево 045 228-586,

    Битола 047 242-310,

    Штип 032 389-701,

    Куманово 031 431-488.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира