БЕВ НАИВЕН, КАЖА СИНОТ НА ЖАН МИТРЕВ НА СУДЕЊЕТО ЗА ТЕРОРИЗАМ ВО ФРАНКФУРТ

    БЕВ НАИВЕН, КАЖА СИНОТ НА ЖАН МИТРЕВ НА СУДЕЊЕТО ЗА ТЕРОРИЗАМ ВО ФРАНКФУРТ25-годишниот Филан Митрев беше уапсен во ноември минатата година, откако полицијата открила дека подготвува самоубиствен бомбашки напад во паб во Захсенхаузен. - Филан Митрев пред денешното судење (Фото: ДПА)

    Во судот во Франкфурт почна судењето на исламистот Филан Митрев, син на кардиохирургот Жан Митрев, обвинет за подготвување терористички напад, објави „Франкфуртер Рундшау“. Според германскиот весник, на почетокот на судењето, Филан кажал за себе дека бил наивен.

    25-годишникот беше уапсен во ноември минатата година, откако полицијата открила дека подготвува самоубиствен бомбашки напад во паб во Захсенхаузен. Тој купил хемикалии од кои може да се направи бомба, како и батерија и потребната електроника. Нападот не му успеал, бидејќи полицијата ги открила неговите најави за нападот на социјалните мрежи. Исто така, тој се обидел, но не успеал да купи оружје и муниција на интернет, бидејќи ги префрлил биткоините на измамник.

    Германскиот весник пишува дека неговиот татко, сопственик на клиника во Македонија, му плаќал приватно школување, но тој успеал само да стане криминалец и да заврши две и пол години во затвор за кражба во 2016 година. Во затворот во Франкфурт Филан се дружел со затвореници кои ја поддржувале терористичката организација Исламска држава и таму се радикализирал.

    На денешното судење, судијата го прашал зошто не ги искористил 1.000-те евра што татко му му ги праќал секој месец за да си изнајми стан, но тој немал одговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира