За потребата за уставните измени немаше многу пратеници пријавени за збор.
Последен зборуваше координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, а по неговото излагање, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Најави дека за продолжението ќе информира дополнително.
Митрески кажа дека овие измени се во духот на Крушевскиот манифест, во духот на АСНОМ , Охридскиот договор и дека се подготвени од страна на работна група составена од експерти, докажани професори и неколку универзитети во државата, како и претставници на политичките партии.
„Со усвојување на уставните измени го продолжуваме европскиот пат до полноправно членство во 2030 година. Ова е историска шанса за која имаме силна поддршка од нашите партнери САД и ЕУ. Нашите млади, нашите деца, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во својата татковина“, кажа Митрески.
По завршување на седницата, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција кажа дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени и дека избори мора да има.
- НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО ПО ИЗГЛАСУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ
- ПАТОТ КОН ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕКУ СОФИЈА, РЕЧЕ СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА НА РАСПРАВАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Одлуката за пoтребата за носење на уставни измени се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број од пратениците, што значи со најмалку 80 гласа. За дневниот ред на денешната седница, гласаа 70 пратеници, што е сигнал дека за уставните измени фалат 10 пратеници.
С.К ДЕЛЕВСКА