БЕЗ МНОГУ РАСПРАВА, СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

    БЕЗ МНОГУ РАСПРАВА, СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТДефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП. - Премиерот Мицкоски со пратеници во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Собранието попладнево го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година. „За“ гласаа 67 пратеници, „против“ беа 7 и немаше воздржани.

    Иако за расправа за буџетот се предвидени три дена, гласањето се случи брзо откако од опозициската СДСМ зборуваше само поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој кажа дека тие нема да го поддржат ребалансот и дека нема да ја одолговлекуваат расправата.

    ДУИ, пак, претходно ја напушти седницата бидејќи беше симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

    Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари, што е за 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, а вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции. Дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

    Во експозето, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска кажа дека ребалансот е обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите што имаат соодветна динамика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира