БЕЗ САНКЦИИ ЗА ОДГОВОРНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, МВР НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    БЕЗ САНКЦИИ ЗА ОДГОВОРНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, МВР НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Лазе Велковски (лево) советник во кабинетот на министерот (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека извештајот на работната група за настаните во Собранието на 27 април, формирана од неговиот претходник Агим Нухиу, е готов и денеска ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство. На денешната прес конференција, Спасовски рече дека извештајот е класифициран и не може да открива детали и имиња, но кажа дека поради партизираноста, МВР паднало на испитот на 27 април и не биле извршувани надлежностите утврдени со Устав и закон.

    „Без расчистување на овој случај и без санкции за одговорните, МВР нема да може да функционира. Извештајот на работната група е класифициран и јас како министер не можам да носам заклучоци и да судам надвор од институции“, изјави Спасовски.

    Министерот потврди дека досега се сослушани 180 лица од МВР, суспендирани се 23-ца и за 45-мина се покренати дисциплински постапки.
    Спасовски кажа и дека извештајот се однесува на севкупните случувања во и надвор од објектот на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира