БЕЗДОМНИК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕЗДОМНИК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

    68-годишен бездомник утринава бил пронајден мртов во скопската населба Аеродром. Починатиот бездомник, кој веројатно е првата жртва на студениот бран, бил пронајден на улицата „Бојмија“, а случајот во полиција го пријавил друг бездомник. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина со обдукција да се утврди причината за смртта.

    Според Управата за хидрометеоролшки работи, минатата ноќ во Скопје било минус 17 степени целзиусови. Од УХМР најавуваат дека до вторник ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за повремено провејување снег. Во вторник ќе има повремени врнежи на снег и се уште ќе дува северен ветар. Постепен пораст на температурата се очекува од среда и четврток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира