БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕГИРА ИНЦИДЕНТ, ЛУЃЕТО САМО ВИКАЛЕ ПРЕД КУЌАТА НА АКТИВИСТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕГИРА ИНЦИДЕНТ, ЛУЃЕТО САМО ВИКАЛЕ ПРЕД КУЌАТА НА АКТИВИСТОТ

    Од битолската полиција поврдија дека синоќа поголема група битолчани се собрале пред домот на Илија Балтовски, активист на „Битолското движење“ кое со денови протестира и бара оставка од градоначалникот Владимир Талески. Според полицијата немало инцидент.

    „Група луѓе се упатиле на улицата „12 кладенци“, беа на 50 метри оддалечени од куќата, упатија зборови, но немаше никакви оштетувања, не беше фрлено ни ливче“, изјавија од битолската полиција.

    САКАМДАКАЖАМ.МК дознава од очевидци на настанот дека синоќа поголема група битолчани по протестот на ГДОМ се собраа пред домот на Илија Балтовски кој е дел од уличната герила која последниве денови ја тресе Битола. Според очевидците толпата викала „Уа!“,свиркале, псуеле, се заканувале.

    За време на протестот Балтовски не бил дома, а настанот го вознемирил неговото семејство и соседите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира