БИТОЛСКИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ОПШТИНСКИ ПАРИ, СЕ КОНФИСКУВА ИМОТ ОД НАД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ВО СЛУЧАЈОТ „ТРАНСПОРТЕР“

    БИТОЛСКИОТ ЕКСГРАДОНАЧАЛНИК ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ОПШТИНСКИ ПАРИ, СЕ КОНФИСКУВА ИМОТ ОД НАД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ВО СЛУЧАЈОТ „ТРАНСПОРТЕР“Предметот по жалба седеше 3 години во Апелација, а за тоа време Талески од куќен притвор земаше плата како глумец во Театарот во Битола (Фото:СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје по 3 години, донесе правосилна пресуда за случајот „Транспортер“, со која обвинетиот градоначалник Владимир Талески оди на издржување на 7-годишна затворска казна. За една година му е намалена првичната казна од поранешната судијка во Основниот кривичен суд Скопје Добрила Кацарска.

    Во овој случај има и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.

    Апелација обвинетиот С.Б., го осуди на казна затвор од 5 – пет години и 6-шест месеци, во кои казни им се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, за по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик

    На обвинетите Ј.И., С.М., А.Ш., Д.Г., А.С., О.С., Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување им изрече алтернативна мерка – условна осуда, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2 години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело.

    Согласно чл.100 од Кривичниот законик од правното лице Друштво за превоз, услуги, производство и трговија „Д и А Х.Т” ДООЕЛ увоз извоз Битола, се конфискува имотната корист во износ од 857.637,00 денари, или 14 илјади евра, кој претставува имотната корист прибавена со кривичното дело.

    Во останатиот дел како и по однос на кривичните санкции спрема останатите обвинетите и по однос на мерката конфискација на имотната корист која е прибавена со кривичните дела, во вкупен износ од 34.224.179,00 денари, или над 500 илјади евра, првостепената пресуда ја потврди.

    Воедно, советот на овој суд, по повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон, првостепената пресуда во ослободителниот дел под II, ја укина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира