БИТОЛСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ПОРАЧАА: ЌЕ БИДЕМЕ КАКО ПАРТИЗАНИТЕ

    БИТОЛСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ПОРАЧАА: ЌЕ БИДЕМЕ КАКО ПАРТИЗАНИТЕ

    „Ќе продолжиме со блокада на кружните текови кои се „големите“ проекти на Талески постигнати во неговото владеење. Ќе бидеме упорни како борците кои марширале за да ја добиеме правдата“, порачаа вечерва демонстрантите од Битола кои бараат оставка од помилуваниот градоначалник Владимир Талески.

    Демонстрантите вечерва го блокираа кружниот тек популарно наречен „Кај филџано“ зашто на среде тревник поставена е скулптура од филџан за да ја отсликува традицијата за пиење кафе на Широк Сокак. Протестот го почнаа вообичаено пред Општината каде што повикаа на масовен бојкот на еднопартиските избори на 5 јуни.

    „Секој ден можеме да блокираме крстосница во знак на раволт. Нашиот револт е голем и ќе продолжиме вака. Не ни преостанува ништо друго освен да си ги бараме нашите права. Има примери низ историјата кои револуцијата ја подигале со Игмански марш, кој го чекореле во екстремно тешки услови, со една цел за слобода за правда. Ние можеме во понормални услови да протестираме , па ги повикуваме сите. Ако продолжиме вака сигурен сум дека ќе стигнеме до напшата цела“, порача Илија Балтовски.

    Демонстрантите го обележаа кружниот тек ставајќи лепенки од банкнотата „владимирка“ на сообраќајните знаци, како и други лепенки на кои пишуваше „оставка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари