БЛАГОДАРНОСТ ЗА СРБИЈА, СРАМ ЗА НАШАТА ДРЖАВА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ВО БЕЛГРАД И НИШ

    БЛАГОДАРНОСТ ЗА СРБИЈА, СРАМ ЗА НАШАТА ДРЖАВА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ВО БЕЛГРАД И НИШНа денешната седница на Советот за безбедност било утврдено дека поминува низ најкритичната фаза од пандемијата. (Фото: СДК.МК)

    По денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ѝ се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека тоа е срам на за нашата држава.

    „Гледавме слики од викендов во Србија, такви слики не смеат да се повторат. Благодарност за Србија, но тоа е срам за државата“, кажа Пендаровски.

    Претседателот рече дека министерот за здравство го информирал дека од утре почнува масовната имунизација на македонското население, а Пендаровски му рекол дека масовната имунизација треба да трае без прекини до целосно вакцинирање на сите граѓани во земјата.

    Тој констатираше дека е точно е дека верувавме во Ковакс системот и во солидарниот фонд на ЕУ, но тие задоцнија со месеци, како и дека е точно 80 отсто од вакцините се распределени во 10 отсто од земјите, но тоа не треба да биде оправдување.

    На денешната седница на Советото за безбедност било утврдено дека поминува низ најкритичната фаза од пандемијата.

    „Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен во болница. Министерот Филипче ме увери дека такво нешто не се случило, ниту ќе се случи“, кажа Пендаровски и апелираше до приватните здравствени установи да се откажат од профитот да ги направат своите услуги достапни за инфицираните од коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира