БОГОЕВСКИ: АПСАТ ЛУЃЕ ЗА СПУШТАЊЕ ПЛАТНО, А ИЗВРШИТЕЛИ НА СЕРИОЗНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА СЕДАТ НА СЛОБОДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОГОЕВСКИ: АПСАТ ЛУЃЕ ЗА СПУШТАЊЕ ПЛАТНО, А ИЗВРШИТЕЛИ НА СЕРИОЗНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА СЕДАТ НА СЛОБОДА

    Павле Богоевски, активистот на Шарената револуција, кого вечерва полиција го уапси додека се обидуваше да постави платно на кејот на Вардар со пораки за власта која од спротивната страна на реката славеше роденден на партијата, ја заврши мисијата. Платното го постави на оградата на полициската станица „Пролет“ каде што беше приведен.

    „Година по година, криминално здружение! Партијата да се одвои од Гатачката! Ај па и за апсаани да си дочекате! Кога славите 10 години МВРО?”, пишува на платното.

    Богоевски беше пречекан од десетици граѓани кои дојдоа да му дадат поддршка.

    „Денеска Шарената револуција сакаше да пушти платно за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ, бевме спречени во таа намера од полициски службеници, за жал дури и од припадници на специјални полициски сили, кои наводно ни издале наредба да се оддалечиме, но таа наредба не ја слушнавме и ме приведоа. Сега се соочувам со уште една пријава за прекршок што гласи непочитување наредба на службено лице, ама не е тоа проблемот. Проблемот е што ова уште еднаш ги покажува аршините на селективна правда на власта. Имаме луѓе што доаѓаат со платно од седум метри да го пуштат на Кеј, кои ги апсите, ги врзувате, ги казнувате по наредба, а од друга страна имаме извршители на сериозни кривични дела во серија и во повторување, кои упорно седат на слобода“, изјави Богоевски.

     

    Шарената револуција со платното, кое беше во два дела, ја прекри оградата на полициската станица „Пролет“ (Фото:СДК.МК)

    Шарената револуција со платното, кое беше во два дела, ја прекри оградата на полициската станица „Пролет“ (Фото:СДК.МК)

    Полицијата го уапси за време на говорот на поранешниот премиер Никола Груевски за прославата на 26 години постоење ВМРО -ДПМНЕ, кога се обиде да постави платното на ѕидот од кејот на Вардар, кај градилиштетото за новиот Офицерски дом.

    На апсењето му претходеше препирка со полицијата кога активисти од Шарената револуција се обидоа од Плоштад Македонија преку Камен мост да тргнат кон Музејот на македоснката борба на чија тераса се одржуваше прославата на роденденот. Полицијата не дозволуваше никој да помине преку мостот, ги прошушташе само оние што доаѓаа од спротивната насока.

    Кога не им беше дозволен пристапот кон Музејот, шарените се обидоа на ѕидот на кејот да го постават платното, но полцијата ги сопре и го приведе Богоевски. Во истиот момент Шарената револуција повика на протест пред полициската станица „Пролет“ и напиша на Фејсбук профилот „Недозволиво е што полицијата се одлучила да примени сила врз него заради тоа што имал намера да простре транспарент со политички пораки“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира