БОЈАН ХРИСТОВСКИ МОЖЕ ДА БИДЕ ДИРЕКТОР НА АНБ, ИЗГЛАСАА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

    БОЈАН ХРИСТОВСКИ МОЖЕ ДА БИДЕ ДИРЕКТОР НА АНБ, ИЗГЛАСАА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈАХристовски (десно) со Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност и заштита на класифицирани информации (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија едногласно одлучи дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски ги исполнува сите услови за да биде директор на Агенцијата, откако Државниот просветен инспекторат, Дирекцијата за класифицирани податоци, МВР и други институции, одговориле дека и дипломите, и 240-те стекнати кредити, и работата на приватниот универзитет за туризам и менаџмент му е по закон.

    За ТОЕФЛ уверението за англиски јазик добиено од школа во Пловдив, Бугарија која немала таква дејност, членката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Цвета Ристовска кажа дека Обвинителството е тоа кое има надлежност да проверува валидност на ТОЕФЛ-сертификати.

    Фалсификат-дипломата по англиски на Христовски е прибавена од истиот непостоечки центар, а за кој веќе има судски пресуди за други лица. Во април Во април, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека фатил таква диплома на лице во МВР и му поднел кривична пријава.

    Христовски, заклучи Комисијата, добил и сертификати за строгодоверливи информации и оти проверките за стекнување на безбедносниот сертификат „државна тајна“ се во тек. Ристовска кажа дека и ова не е проблем Христовски да ја извршува функцијата директор на АНБ, зашто додека траат безбедносните проверки за „државна тајна“, дел од функциите може да ги извршува заменикот-директор на Агенцијата.

    На барање на ДКСК, од Владата ѝ биле доставени: уверение за државјанство, уверение за завршени студии за високо образование седми степен, одлука за одбрана на магистерски труд, уверение за испити положени од прв циклус, доказ за работно искуство, доказ за познавање на англиски јазик како и изјави во однос дека нема забрани за вршење професија, ниту привремена мерка за вршење дејност, како и да изјава дека не е член на политичка партија и дека не му е утврдено постоење судир на интереси.

    За Христовски во ДКСК била поднесена анонимна пријава во октомври, кога премиерот Христијан Мицкоски го именува на функцијата, а која подносителот ја дополнил со уште 8 анонимни пријави.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира