БОКИ 13 ДОЈДЕ КАЈ РУСКОВСКА ДА ДАДЕ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“, ПО 10 МИНУТИ ДОЈДЕ БРЗА ПОМОШ

    БОКИ 13 ДОЈДЕ КАЈ РУСКОВСКА ДА ДАДЕ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“, ПО 10 МИНУТИ ДОЈДЕ БРЗА ПОМОШПо само 10 минути, пред Обвинителството се паркираше возило на Итна помош, a eкипата се стрча на вториот кат од зградата на Апелациониот суд Скопје, токму кај што е Обвинителството за организиран криминал. (Фото: СДК.МК)

    Првоосомничениот за „Рекет“ Бојан Јовановски- Боки 13 дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска. По само 10 минути, пред Обвинителството се паркираше возило на Итна помош.

    Екипата се стрча на вториот кат од зградата на Апелациониот суд Скопје, токму кај што е Обвинителството за организиран криминал.

    Денеска е крајниот рок за давање исказ на Боки 13 за оваа истрага, по што ќе следува обвинение.

    Од Обвинителството засега не кажуваат кому од организиран криминал му се слошило, но само се шпекулира  дека е за Боки 13, бидејќи тој на јавната седница за неговата жалба на притворот во Апелација на 3 октомври пожали дека е во лоша здравствена состојба и веќе побара куќен притвор.

    „Имам органски проблем, не сум во добра психичка состојба. Јас сум во животозагрозувачка состојба, оштетен ми е нерв при операцијата на желудникот, која ја направив по своја волја. Белите дробови ми се оштетени, а имам и уште 4 дијагнози на кичмениот столб“, кажуваше Јовановски како се чувствува.

    По разгледувањето на жалбата, Апелациониот суд на 4 октомври одлучи дека сè уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото.

    Во притвор во затворот во Шутка за „Рекет“ е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, додека осомничениот Зоран Милески-Кичеец беше пуштен во домашен притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира