БОКИ 13 ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА

    БОКИ 13 ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТАБоки 13 со адвокатот на вчерашната јавна седница на Скопска апелација (Фото: К. Попов)

    Апелациониот суд Скопје ја отфрли жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во „Рекет“, и тој останува во притвор, објави државната агенција МИА. На вчерашната јавна седница, Боки 13 побара да излезе од затворот во Шутка, каде е од 15 јули и да се лекува во болнички, а не притворски услови, макар и останала ублажена мерка притвор или други мерки против него.

    „Имам органски проблем, не сум во добра психичка состојба. Јас сум во животозагрозувачка состојба, оштетен ми е нерв при операцијата на желудникот, која ја направив по своја волја. Белите дробови ми се оштетени, а имам и уште 4 дијагнози на кичмениот столб“, кажуваше Јовановски како се чувствува.

    По разгледувањето на жалбата, Апелациониот суд одлучи дека сè уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото.

    Во притвор во затворот во Шутка за „Рекет“ е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, додека осомничениот Зоран Милески-Кичеец беше пуштен во домашен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира