БОЛНИ ОД КОВИД-19 СЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ И ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ГЕРИЈАТРИЈА „13 НОЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ

    БОЛНИ ОД КОВИД-19 СЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ И ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ГЕРИЈАТРИЈА „13 НОЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕОд детектираните 5 позитивни пациенти од овој кластер, 2 се со потешка клиничка слика и се пренесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, додека останатите 3 се асимптоматски и префлени се за лекување во новиот ковид-центар во рамки на болницата Козле; - Директорката д-р Салија Љатиф-Петрушовска. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Позитивни на ковид-19 се двајца пациенти и тројца вработени во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорката д-р Салија Љатиф-Петрушовска. Од детектираните 5 позитивни пациенти од овој кластер, 2 се со потешка клиничка слика и се пренесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, додека останатите 3 се асимптоматски и префлени се за лекување во новиот ковид-центар во рамки на болницата Козле.

    „На 3 август добивме повратна информација од страна на Институт за јавно здравје Скопје за 2 пациенти позитивни на ковид-19, по испратени брисеви за обработка во рамки на едно одделение во објектот Геријатрија. По добиената информација, веднаш е постапено согласно со протоколите за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработени за спречување на ширење на инфекцијата и мерки за дезинфекција. Веднаш е спроведен скрининг на вработените од одделението и детектирани се 3 вработени позитивни на ковид-19, кои веднаш се исклучени од работниот процес и пријавен е случајот во Центарот за јавно здравје Скопје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во тек е скрининг на сите пациенти од спратот каде се појави кластерот, обезбедени се зони за движење и носење на лична заштитна опрема согласно со зоните и соби за чисто и нечисто и дезинфекција на просторот“, велат од болницата.

    Директорката Љатиф-Петрушовска вели дека досега имале неколку изолирани случаи на болни од коронавирус, од кои 1 пациент почина на Инфективна клиника, а бил заразен во април, бил со малигна дијагноза во терминална фаза и кај него се очекувало да настапи смрт. Останатите тројца пациенти се оздравени, меѓу кои е и 89-годишна жена.

    „Установата ги презема сите мерки за заштита и спречување на истата но мора да се има во предвид фактот дека станува збор за вирусно заболување со се уште непозната етиологија и начин на ширење, сите ние континуирано учиме и паралелно се справуваме со оваа светска криза“, велат од болницата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари