БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ЗАДУШЕНА ОД ПАЦИЕНТИ ПОРАДИ РАСИПАН ЛИФТ ВО ПОРАНЕШНАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ЗАДУШЕНА ОД ПАЦИЕНТИ ПОРАДИ РАСИПАН ЛИФТ ВО ПОРАНЕШНАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА

    Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, или поранешна Градска болница не прима итни случаи. Вакво извествање клиниката минатиот петок упатила до Градската општа болница “8-ми септември“, во кое ја известува оваа јавна здравствена установа дека сите итни пациенти ќе ги препраќа кај нив.

    “Претходно од нив добивме известување дека ќе ни ги препраќаат пациентите, оти лифтот им бил расипан и дека тоа ќе трае еден викенд. Но во петокот добивме ново известување, дека повторно сите итни случаи ќе ни ги препраќаат, без назнака до кога тоа ќе трае“, велат од ГОБ “8-ми септември“.

    Директорката на поранешната градска болница Јасмина Чабуковска викендов не беше достапна за да објасни зошто се препраќаат пациенти во другите здравствени установи.

    „Дел од пациентите со скршеници не може веднаш сите да ги оперираме, бидејќи ни недостигаат инструментарки. До кога ова ќе трае не би можел да кажам, оти во известувањето нема одредено до кога ќе ни препраќаат пациенти“, - Д-р Сашо Стојчев, директор на “8 Септември“

    „Дел од пациентите со скршеници не може веднаш сите да ги оперираме, бидејќи ни недостигаат инструментарки. До кога ова ќе трае не би можел да кажам, оти во известувањето нема одредено до кога ќе ни препраќаат пациенти“, – Д-р Сашо Стојчев, директор на “8 Септември“

    Д-р Сашо Стојчев, директор на ГОБ “8-ми септември“, вели дека последниве десетина дена е зголемен бројот на пациенти што ги примаат во Ургентниот центар и дека дневно имаат околу 30 трауматолошки случаи.

    “Не знам дали луѓето одат прво таму па ги препраќаат или директно доаѓаат кај нас, но во Ургентниот центар дневно имаме и по 120 приеми. Зголемен е бројот на пациенти што ги примаме на траума. За жал дел од пациентите со скршеници не може веднаш сите да ги оперираме, бидејќи ни недостигаат инструментарки. До кога ова ќе трае не би можел да кажам, оти во известувањето нема одредено до кога ќе ни препраќаат пациенти“, вели д-р Стојчев.

    Во оваа болница во тек е комплетна внатрешна реконструкција, а пред два месеци беше најавено дека таа целосно ќе биде затворена и нема да прима пациенти, кога ќе почне реновирањето на операционите сали. Здравствените власти и менаџментот на болницата најави дека лекарите и медицинскиот персонал ќе биде прераспределен во други јавни здравствени установи додека трае обновата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира