БОМБИТЕ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ КУПЕН ЗА ГРУЕВСКИ ЌЕ ВАЖАТ КАКО ДОКАЗИ, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈА

    БОМБИТЕ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ КУПЕН ЗА ГРУЕВСКИ ЌЕ ВАЖАТ КАКО ДОКАЗИ, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈАСпецијалната обвинителка Фатиме Фетаи и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на вчерашната јавна седница на Апелацискиот суд за случајот „Тенк“.

    Апелацискиот суд донесе одлука „бомбите“ да бидат дел од доказниот материјал во судењето за случајот „Тенк“, кој што се однесува на набавката на МВР на луксузниот мерцедес од 600.000 евра. Обвинети во овој случај на СЈО се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, експремиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

    Во Апелација вчера имаше јавна седница на која претседателката на судот Љиљана Ивановска Шопова и судиите Африм Фидани и Јани Нича, одлучуваа по жалбата на СЈО, Основниот суд Скопје да ги отфрли „бомбите“ како докази во случајот „Тенк“.

    На седницата и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска побара „бомбите“ да не бидат користени како докази со образложение дека ѝ била нарушена приватноста. Таа се бранеше со цитирање на пресуди на Европскиот суд за човекови права.

    Апелација претходно одлучи дека бомбите може да се користат и за случаите „Шамари“, „Триста“, „ТНТ“, „Топлик“ и „Тендери“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира