БОРБЕНИ ВОЗИЛА ПРЕД МУЗЕЈОТ НА ВМРО СЕ ПОСТАВЕНИ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ВЕЛАТ ОД МВР

    БОРБЕНИ ВОЗИЛА ПРЕД МУЗЕЈОТ НА ВМРО СЕ ПОСТАВЕНИ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ВЕЛАТ ОД МВРПолицијата оценила потреба од зголемено присуство на специјалци. - Возилата на МВР паркирани пред музејот на ВМРО (Фото: Г. Трпеноски)

    Борбени полициски коли со специјални сили денеска се паркирани пред Музејот на ВМРО и македонската борба во центарот на Скопје, а низ старата чаршија се забележуваат голем број полицајци.

    Во МВР велат дека зголеменото присуство на униформирани полициски сили е од превентивни причини, бидејќи во тој дел од градот денеска има политички ативности на различни субјекти.

    „Нема место за паника“, велат од МВР. „Полицијата е тука за да обезбеди мирна атмосфера за време на предизборната кампања. Ќе има засилено присуство секогаш кога ќе оцениме дека тоа е потребно поради масовни собирања. Во тој дел од градот сме за секој случај“, велат од МВР.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев во рамките на предизботната кампања денеска шета низ Старата скопска чаршија, а пред тоа беше на средба во Допмот на занаетчиите. Во исто време низ чаршијата шетаат и кандидатите за градоначалници и советници од партиите на Албанците ДУИ и Беса. За попладневно е закажан и собир на граѓани на новиот плоштад Скендербег, а во исто време се снима и ТВ дебата организирана од ТВ 21 за кандидатите од општина Чаир.

    Претпладнето во близина, во дворот на Владата имаше прослава пред споменикот на ослободителите на Скопје по повод 11 Октомври.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира