БОРИСОВ ГО ОХРАБРИ ЗАЕВ ДА ГО РЕШИ СПОРОТ СО ИМЕТО

    БОРИСОВ ГО ОХРАБРИ ЗАЕВ ДА ГО РЕШИ СПОРОТ СО ИМЕТООхрабрувањето од Борисов доаѓа еден ден по средбата на Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас. - Заев и Борисов во Давос (Фото: Твитер/Зоран Заев)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов го охрабри македонскиот премиер Зоран Заев да ги продолжи преговорите со Грција за конечно решавање на спорот со името на државата, објави прес службата на бугарската влада.

    Борисов и Заев се сретнаа на маргините на Светскиот економски форум во Давос, каде што македонскиот премиер попладнево имаше и куса средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Охрабрувањето од Борисов доаѓа еден ден по средбата на Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас, исто така, во Давос. Бугарскиот премиер вели и дека Западен Балкан е исклучително важна тема на самитот во Давос и интересот на земјите е многу голем. Тој додаде дека регионот има ретка шанса да изгради модел на соработка, од кој што другите земји ќе учат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира