БРИТАНСКА И ГЕРМАНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА СО ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРИТАНСКА И ГЕРМАНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА СО ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

    Заврши протестот на шарената револуција во Скопје. Демонстрантите ја обоија Портата и држеа говори пред Собрание.  Првпат од почетокот на Шарената револуција протестот го следеа странски телевизии. Британската Би-Би-Си и германската баварска телевизија одеа заедно со демонстрантите.

    „Николај нема да ти ги заборавиме Тамара, Мартин, малтретирањето на студентите, украдените медиуми, затворањето на А1 телевизија! За сите ќе ни платиш Николај. Додека ти се бориш да ја спасиш кожата, а и кожата на бате Саше, ние се бориме за слобода. Протестираме криејќи се од чавките на Чавков, додека вие што ја крадете државата дишете слободно. Додека ти и фикусот го браните ајварот, ние ја браниме демократијата. Играјте си вие слободно со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго. Имам и две пораки до фикусот – бараме целосно повлекување на аболицијата фикус еден и бараме твоја остаква фикусу “, рече демонстрантката која вечерва се обрати од говорницата пред Собрание.

    За разлика од саботата, кога барикадите пред Собранието беа поставени на средина од булеварот за се спречи боењето на фасадата, вечерва металната ограда беше вратена на тротоарот но шарените револуционери не го боеја Собранието. По кусите говори, се разотидоа и протестот заврши.

    Вечерва имаше и најмалку полиција. И пред Собранието и кај Портата бројот на полицaјаци беше помал во споредба со претходните денови.

    Специјалната единица за боење вечерва сета боја ја потроши на Триумфалната капија. Нејзината бела мермерна фасада беше мета на шарените безброј пати досега, но ова беше првпат да ја гаѓаат со чаталот. Досега тоа го правеа со четки, со балони и со пушки на вода.

    Шарените револуционери најавија дека остануваат на улица се до исполнување на сите барања и си закажаа нова средба за утревечер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари