БУГАРИЈА БАРА ГАРАНЦИИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СО МАКЕДОНИЈА

    БУГАРИЈА БАРА ГАРАНЦИИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СО МАКЕДОНИЈАРадев му кажал на Пендаровски дека треба да се работи на тоа младите во двете земји да не се мразат едни со други, за време на нивната заедничка посета на Рим. (Фото: Претседателски кабинет)

    Бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија бара гаранции за Европската унија со Македонија, на заедничката прес-конференција со португалскиот претседател Марсело де Соуса во Софија. Португалија до 1 јули претседава со ЕУ и се обидува да најде решение за македонско-бугарскиот спор и почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија.

    Но, Радев му кажа на Де Соуса дека Бугарија треба да добие соодветни гаранции пред да го повлече ветото за Македонија.

    „Тој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на соодветни патокази, соодветни документи и односи на сите структурни нивоа, што ќе ги дадат соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен“, рече Радев, без да каже за какви гаранции станува збор.

    Бугарскиот претседател додаде дека постои цела листа на формални услови за Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира