БУГАРИЈА ЌЕ НИ ПРОДАВА 200 МЕГАВАТ-ЧАСОВИ СТРУЈА ОД ОКТОМВРИ ДО МАРТ

    БУГАРИЈА ЌЕ НИ ПРОДАВА 200 МЕГАВАТ-ЧАСОВИ СТРУЈА ОД ОКТОМВРИ ДО МАРТПремиерите Ковачевски и Донев на денешната прес-конференција во Софија. (Фото: Влада)

    Од Бугарија ќе увезуваме 200 мегават-часови струја во наредните шест месеци. За време на денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на Софија, тој со неговиот бугарски колегa Галаб Донев договори формирање работна група која треба да ги утврди техничките аспекти во врска со потпишување и склучувањето на договор во областа на електроенергијата за снабдување со количини во износ од 200 мегават-часови струја за потребите на Северна Македонија заклучно со март, следната година.

    На прес-конференција по средбата на двајцата премиери, Ковачевски кажа дека цените треба да бидат дефинирани согласно легислативите на двете земји. Македонскиот премиер рече дека зборувале и за поврзувањето со новиот интерконектор за гас што би бил направен во делот на поврзување со течен гас и во однос на капацитетите на постојниот интерконектор што го имаме со Бугарија, и за можностите за складирање течен гас во складиштата што постојат во Бугарија.

    „Имавме состанок што беше одржан во духот на добра волја. Во таков дух на добра волја се надевам дека работната група што ќе почне да работи веднаш после празникот во Бугарија, а пред нашиот празник, дека во наредните помалку од две недели ќе имаме решение кое ќе биде од обостран интерес, и на стопанствата и на едната и на другата држава“, рече Ковачевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира