БУГАРСКАТА ВЛАДА НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПРЕДАДЕ 88.450 ГРАЃАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ШТО ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ, ВЕЛАТ ОД БУГАРСКОТО МНР

    БУГАРСКАТА ВЛАДА НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПРЕДАДЕ 88.450 ГРАЃАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ШТО ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ, ВЕЛАТ ОД БУГАРСКОТО МНРВицепремиерите на Бугарија Каракачанов и Захариева (архивска фотографија)

    Бугарија нема да ги промени своите ставови кон Македонија затоа што не може да ги предаде 88.540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши, одговорило Министерството за надворешни работи на Бугарија на прашања на софискиот дневен весник Труд.

    „Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, одговориле од бугарското МНР.

    На прашањето на весникот какви активности ќе преземе Софија во следните 6 месеци за да се најде решение за Северна Македонија, од министерството одговориле дека би било неразумно да се очекува промена на бугарската позиција.

    „Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство“, стои во изјавата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

    Германија која претседава со ЕУ до 31 декември не успеа да ја протурка преговарачката рамка за Македонија поради ветото на Бугарија, ниту пак заклучоците за политиката на проширување на ЕУ поради ветото на Чешка и Словачка поради ставот на Бугарија како услов за проширување да се вметне читањето на историјата на земјите кандидатки.

    Следните шест месеци со ЕУ ќе претседава Португалија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира