ЧАИР И ЦЕНТАР СО НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ ЗА ПОСЛЕДНИВЕ 24 ЧАСА

    ЧАИР И ЦЕНТАР СО НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ ЗА ПОСЛЕДНИВЕ 24 ЧАСАДенес во Скопје се регистрирани 57 случаи на КОВИД-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денешните 57 новозаболени лица со КОВИД-19 во Скопје, најмногу се  од Чаир -11 и од Центар-1о, а потоа од Бутел-9, Карпош 2, Аеродром 5, Гази Баба 5, Петровец 1, Кисела Вода 3, Сарај 3, Ѓорче Петров 1, Шуто Оризари 1, а необработени се уште шест теста, кажа заменик-министерот за здравство Арменд Арслани.

    „Контактите и релациите се познати, нашите епидемиолошки служби веќе работат на терен за лоцирање на контактите, но и начинот на ширење на заразата“, рече Арслани.

    За денеска во земјава се дијагностицирани 101 случај на КОВИД-19 и еден починат.

    Целосна забрана за движење во Скопје, Куманово, Липково, Тетово,  Штип, Јегуновце, Желино и Боговиње се воведува од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот, одлучи Владата. Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток од 21 часот до петок до 05 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 05 часот наутро.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира