ЧАВКОВ, МУКОСКИ И ВАСИЛЕСКИ ПУШТЕНИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    ЧАВКОВ, МУКОСКИ И ВАСИЛЕСКИ ПУШТЕНИ ВО КУЌЕН ПРИТВОРПратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски при нападот на Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Врховниот суд донесе одлука да им ја замени мерката притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василески и на поранешниот министер Митко Чавков со мерка куќен притвор по поминати речиси четири месеци во истражниот затвор во Шутка.

    На пратениците Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски им се укинува мерката куќен притвор со обврска да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

    Врховниот суд имаше јавна седница за вкупно 12-те жалби на осомничените за организација и учество во настаните од 27 април во Собранието на 20 март. Со денешната одлука, уште четворица од осомничените остануваат во притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира