ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД СКОПЈЕ СЕ НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, СИТЕ ПАТНИЦИ ОД БРИСЕЛ СЕ НЕГАТИВНИ

    ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД СКОПЈЕ СЕ НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, СИТЕ ПАТНИЦИ ОД БРИСЕЛ СЕ НЕГАТИВНИТриесет и пет лица во земјава се заболени од коронавирус. (Фото: К. Попов)

    Четири лица од Скопје кои утрово биле на тестирање се нови позитивни случаи за коронавирус, со што вкупната бројка на заболени во земјава до 12 часот е 35, објави Министерството за здравство.

    „Доцна синоќа на Скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резултатите. Резултатите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

    Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемиолози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира