ЧЕТИРИ СЕДМИЦИ ПО РЕД Е 13 ОТСТО НЕДЕЛНИОТ ПРОЦЕНТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ПО ВТОРПАТ

    ЧЕТИРИ СЕДМИЦИ ПО РЕД Е 13 ОТСТО НЕДЕЛНИОТ ПРОЦЕНТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ПО ВТОРПАТПроцентот на повторно заразени на неделно ниво не паѓа под 13 проценти. (Фото: СДК.МК)

    Четири недели не се намалува процентот на реинфекции со ковид-19 на неделно ниво, покажуваат податоците од Министерстото за здравство. Од 10 јануари до 6 февруари, секоја седмица 13 проценти од вкупниот број на новозаболени се реинфекции. Подетално, во изминатата недела, од 31 јануари 6 февруари, имаше 10.007 новозаразени, од кои 1.329 реинфицирани. Претходната недела (24-30 јануари) вкупно беа 11.938 новозаболени, а 1.568 лица кои имале прележано ковид-19 повторно се инфицирале.

    Вчера, од вкупно 1.045 нови позитивни, 132 се реинфекции.

    Од објавените податоци од Министерство се забележува дека бројката новозаболени на неделно ниво се намалува. Изминатата недела имаше за 1.931 лице помалку заболени од неделата претходно. За над 200 случаи се намалија и реинфекциите, но процентот на повторно заразени лица на неделно ниво не паѓа под 13 проценти.

    Според извештајот на Инститотот за јавно здравје објавен на први февруари, вкупниот број на реинфекции во земјава беше 6.494 што претставуваше ниски 2,4 проценти од вкупниот број на зболени. Беше посочено и дека тринаесет лица кои по вторпат се заразиле со ковид-19 починале.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира