ЧЕТВОРИЦА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ВО ТРКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧУЧЕР САНДЕВО

    ЧЕТВОРИЦА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ВО ТРКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧУЧЕР САНДЕВОСамо две жени на листата на независни кандидати за градоначалник. - Портпаролката на ДИК, Љупка Гогучевска (Фото: СДК.МК)

    Дури четворица независни кандидати за градоначалник на Чучер Сандево ќе излезат на претстојните локални избори во Македонија, што ќе се одржат на 15 октомври.

    Државната изборна комисија ги објави имињата на независните кандидати и за градоначалничката фотелја во Чучер Сандево ќе се борат Ацо Поповски, Јован Пејковски, Даниел Шегмановиќ и Горан Чекаловиќ. Покрај Чучер Сандево, само во уште две општини ќе има повеќе од еден назависен кандидат: Битола (Кирчо Ташков и Јорго Огненовски) и Дојран (Тони Ајцев и Снежана Манева). Освен Манева, само уште една жена ќе оди независно на овие избори, Јадранка Бибан во Општина Дебарца.

    На територијата на Скопје, единствениот независен кандидат е Андреј Жерновски, кој ќе се бори за втор мандат во Општина Центар.

    Во Македонски Брод има пријавено дури 12-мина независни кандидати за членови на Советот на Општината.

    Рокот за поднесување кандидатури е до 14 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира