ЧЕТВРТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 24 ЈУНИ ПОД МОТОТО „ГЛАСНИ И ГОРДИ!“

    ЧЕТВРТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 24 ЈУНИ ПОД МОТОТО „ГЛАСНИ И ГОРДИ!“Како и досега, почетната точка ќе биде во паркот Жена-борец (Фото: СДК.МК)

    Четвртата Парада на гордоста во Скопје (Скопје прајд) ќе се одржи на 24 јуни под мотото „Гласни и горди!“, објави организаторот Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

    Како и досега, почетната точка ќе биде во паркот Жена-борец, каде што учесниците ќе се собираат од 17 часот, а по кратките говори, во 19 часот ќе почне протестниот марш по скопските улици. Настанот ќе заврши со културно-музичка програма на стадионот на АРМ во Градски парк.

    Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Во ваква непријателска средина, каде што говорот на омраза и насилството се во пораст, а хомофобијата и трансфобијата стануваат доминантна позиција на носителите на моќ, да се биде горд и гласен претставува отпор и протест против системот кој угнетува. ЛГБТИ заедницата минала низ многу тешки периоди, ќе минеме и низ овој со исправена глава, горди и гласни во остварувањето на нашата визија за свет на еднаквост и просперитет“, истакна Ирена Цветковиќ од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира