ЧИСТАЧКА ВО БУГАРСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА ПРАВЕЛА ИНТЕРВЈУА ЗА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВА

    ЧИСТАЧКА ВО БУГАРСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА ПРАВЕЛА ИНТЕРВЈУА ЗА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВАБугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел вели дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. - Марија Габриел (Фото: Икс/принтскрин)

    Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола Весна Котевска спроведувала интервјуа со кандидати за бугарско државјанство, откри бугарскиот пратеник Ангел Георгиев. Тој за случајот постави пратеничко прашање во бугарскиот парламент за министерката за надворешни работи Марија Габриел.

    Министерката, која истовремено е и вицепремиерка, му одговори дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. Но, таа негираше дека чистачката вршела интервјуа за бугарско државјанство.

    „Ваквите пропусти се недозволиви“, кажа Габриел.

    Таа додаде дека 2.719 досиеја се вратени на докомплетирање во конзулатот во Битола поради сериозни нарушување во процесот за добивање бугарско државјанство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира